Сезоната на доцна есен и зимата кај нас го актуелизира пиењето на чајот. Напиток кој покрај полезното дејство на есенциите од различни билки овозможува и затоплување на организмот и освежување. Ветките, листовите или пупките од одредени билки превриени во вода ја прават магијата на чајот.
Во светот речиси насекаде можете лесно да го порачате овој напиток. Иако напитокот се прилагодил кон различните цивилизации или евентуално добил локален карактер па постојат бел чај, жолт чај, соодветно англиски или турски, индиски сепак за чајот постојат само две генерално користени називи: te, или chai.
Името на напиток за нас познат како чај потекнува од Кина. Односно и двете имиња му потекнуват од местото каде што западната цивилизација ја научила неговата примена и значење – Кина.
Оние цивилизации и народи кои за чајот научиле преку континенаталните врски, преку копното, поточно преку патот на свилата (silk road) го употребуват називот чај. Речиси исто звучи да порачате чај во Русија (Чай) , Турција (Çay), Арапски (Shay), Источна Европа, Магреб …
Со пристигнувањето на првите мисии на западно европските земји односно холандските и британски меѓународни компании на бреговите на Кина во Западна европа и денешниот западен свет се проширил називот кој денеска се користи и во Северна и Јужна Америка и Австралија англиски Теа германски Тее и сличните на ова.
Очигледно станува збор за разлика во изговорот помеѓу кинеските поморски и континентални провинции.
Така, денеска главно во светот во поморски доминантните земји се користи називот te додека во континенталните земји и оние под нивно влијание називот chai што го користеле кинезите од централната, континентална Кина.
Кога Португалија пристигнала на брегот на Кина, успевајќи да навлезе подлабоко во внатрешноста преку трговија и инвестиции назад го вратила називот cha- сличен на нашиот. Па потоа го проширила и во своите колонии како на пример Бразил.
Значи молете лесно да побарате чај насекаде во светот. Разликата е во видот на локалните билки и начинот на нивното приготвување. И, се разбира постои разлика во цената. Додека во Скопје цената на чајот е приближно околу 2 евра (поскап отколку во Истамбул), во нашиот туристички центар Дојран на пример, тој се уште чини околу едно евро.