недела , 19 октомври 2025
Почетна Издвоено Песна, Ана Ди Ној ( Anna Di Noailles )
Издвоено

Песна, Ана Ди Ној ( Anna Di Noailles )

Песна, Ана Ди Ној ( Anna Di Noailles )

Една од најдобрите француски поетеси. Внука на Стефан Богориди. Со песна го подига гласот во одбрана на Георги Димитров поради обвинение во 1933 година.

ПРИНЕС КОН ПРИРОДНОТО

Природо. Срце длабоко со тивок здив,
ништо не сакав така топло и живо,
како светлината на денот и радоста на созданието,
водата што блеска и земјата што живот придала.

Шумите, езерата и плодните полиња
повеќе ги милуваа моите очи од лицата на луѓето.
Се наведнав пред убавината на светот
и годишните времиња ги склопив во рацете.

Сончевите зраци ги венчав во круна
на моето просто и гордо чело.
Очите ми го собраа златото на есените полиња
и плачев во прегратките на твоите лета.

Ти доаѓам без страв и сомнеж,
ти ми ја даваш смислата на доброто и злото,
мојата радост и моето знаење
се твојата дива љубов и животинска игра.

Како цвет што цвета и пчели пречекува,
мојот живот издава мириси и песни,
а моето тивко срце е како кошница
што ти ја подаваш со бршлен и наклонети гранки.

Пред твојот бран или сенка на дрво се наведнувам,
ги знам желбите што горат во нашите ноќи,
што ги раѓаат во срцето на човекот и ѕверот
убавата нетрпеливост и божествената волја.

Те прегрнувам, Природо, со целиот свој живот.
Ах, да не дојде ден кога моите очи ќе се наполнат со сенка,
и кога ќе заминам во земја без ветер и зеленила,
што не ја видела светлината и љубовта…

Оставете Коментар

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слична Содржина

АТЛ и БТЛ поуки пред Локалните избори

АТЛ и БТЛ поуки пред Локалните избори Во почетокот на деведесетите години...

МОНЕТА

Зборот МОНЕТА потекнува од првите пари сечени од метал. Означува: Предупредување. Од...

ТАМ СУРЕ

Там Суре – Куруш 1822 година. Од времето на Султан Махмуд II...

РАЦЕ

-Господи Исусе Христе, сине Божји, помилуј ме мене грешниот – тивко течеа...