bogo

МОНОГРАФИЈА СТЕФАН БОГОРИДИ

Приказна

Монографија Стефан Богориди е публицистички текст на Петар Трајков кој се занимава детално со животот и делото на големиот отомански дипломат Стефан Богориди.  Авторот го разгледува Стефан Богориди не само преку конкретните податоци од неговата позната биографија туку и низ  расправа  и поврзувања  до  создавање на нови заклучоци и предлози околу неговиот животен тек,  ангажман,  семејство  и оставштина.  Монографијата  го разгледува Стефан Богориди во контекст на бугарското национално осамосознавање.

Авторот во изработката на ова дело ги посетил сите места во кои живеел и работел Стефан Богориди. Трново и Арбанаси во Бугарија, Букурешт во Романија, Истанбул и Никомидија во Турција и Самос на остров во Грција. Авторот во изработката користел повеќе пишани извори но и писма на дипломати, пишувања на тогашни списанија и хронологии.

Книгата е промовирана он лајн во 2020 година и, има добар прием  во бугарската современа наука.

https://strumicadenes.mk/opstini/strumica/promocija-na-knigata-monografija-stefan-bogoridi-od-strumichanecot-petar-trajkov/