Според достапните информации на интернет мрежата, деновиве актуелни се случувања во Сирија каде што жртва се Алавити како заедница.
Неодамна имав можност да разгледам книга со превод на турските дефтери од пописи направени во Македонија во 1517 година.
Започнува со зборовите ,,Јас верник Алеви ми беше дадено да направам попис…
Отоманско царство
Османлиите го освоиле Балканот, Северна Африка, Црното Море и Ориентот и Арапскиот полуостров откако најпрвин таткото на Осман I, Ертугул ја победил Византија. Така постепено Османлиите ја зацврстиле својата власт врз речиси сите територии на Источното Римско Царство.
Георги Трабзонски кој бил дипломат и филозоф на Византија му пишува писмо на Фатих, Султанот кој на 29 мај 1453 година го освојува Цариград: Откако седнавте на престолот на Римскиот цар, вие сте новиот цар на Рим.
Падишах како титула на Султаните е всушност персискиот назив за Римскиот император. Така настанува минлет системот. Сите вери кои се запишани во Куранот, според тој систем Султанот ги прифаќа како минлет и бара од нив претставник. Така воопшто Православната Црква претставена во лицето на Свети Генадиј Схоларија продолжува да коегзистира во рамките на Отоманското царство.
За да покаже на светот и дома дека е Римски император, Султанот изградил и поддржувал своја граѓанска класа и свои аристократи од сите вери. Во рамките на царштината се сите земји на Источно Римско Царство – Византија.
Во меѓувреме Македонија
Треба да се потенцира дека ваква коегзистенција најверојатно е воспоставена најнапред на територија на Македонија со оглед на фактот дека Генадиј е ученик на Марко Ефески и Григориј Палама Солунскиот архиепсскоп, а Охрид и Македонија потпаѓат под отоманска власт половина век пред Цариград.
Падот на Султанот и појава на Републиката
Во 1922 година човек роден во Македонија и најверојатно дел од недоволно истражената организација ,,Македонија Ресуректа” (слично на подземна држава Devsirme devlet) – Мустафа Кемал Ататурк во турскиот парламент чита говор кој трае 36 часа. Од султантатот на Осман прави модерна и секуларна република Турција. Се менува арапското писмо со ново турско ( романизирано) писмо, жените добиват права. Додека ги читал новите амандмани се раскажува дека луѓе паѓале во несвест и дека имало починати помеѓу конзервативните кругови кои не можеле да прифатат со какви новости се соочени. Одземени се имоти, луѓе се осудни на робија и ликвидација. Султанот и семејството се протерани.
Револуционерите се сомневаат ( шубе) и појава на Неоотоманизам
Неколку децении по смртта на Ататурк премиерот Аднан Менандерез во Париз лично ќе ја побара мајката на последниот Султан за која слушнал дека се наоѓа во еден хотел. Ја нашол Валиде Султана како мие чинии во кујната за да преживее. Својот идентитет не го открива никому.
Мендерес е премиер на Турција казнет со смртна казна. Извршена со бесење 1961 година од страна на револуционерниот дел на Турската армија. Но, со тоа таканаречениот процес на Нео-отоманизам не престанува.
Напротив започнува се посилен процес на барање на враќање на чуството на гордост за империјата, турците се чуствуват постојано измамени, нивната земја и народен дух е во постојано напрегање помеѓу старата и западната вредностна верзија на Турција.
Фетула Ѓулен како неоотомански проект
Во 1941 година во Ерзурум Турција се раѓа Мухамед Фејтула Ѓулен. Човекот кој велат некои аналитичари го развил нео-отоманизмот по најнов европски западен модел ( исламски поет од Нур Џемат). Теории (на заговор ) пишуват дека за да биде перцепиран така претходно бил тргнат човек кој имал намера да им даде одредени слободи на Курдите.
Деновиве пак, сведоци сме дека во Турско – Курдскиот конфликт доаѓа до примирје.
Извори новински пишуваа дека во Пенсилванија САД на неговите основачки настани присуствуват лично Претседателот Обама и сопругата на Претседателот Клинтон. Со помош на ова Ѓуленистичко движење низ целата средна Азија и во Северна Африка отворени се колеџи на кои се обучуват младите припадници на повисоката класа, спремни да ги водат државите културно блиски на Турција на Балканот, Казахстан, Азербејџан..
Во едно од таквите школи посетител ќе биде и малиот ученик во исламско школо подоцна Градоначалник на Истанбул, а сега актуелен Претседател на Турција. Во едно од предавањата на националните телевизии во 1999 година има видео од настан на кој Ѓулен наводно промовира силно движење позади Ердоган.
Отоманите со посебен верски предзнак
Но, ете уште една сложенка. Администрацијата на империјата на Осман имала сосема друг верски предзнак. Имено јаничарските корпуси кои ја водат војната за Падишахот ( по примерот на римските легии за Императорот) припаѓат на Бектешките редови. Односно тие се суфисти. Подоцна по падот на отоманското царство во Турција доминира суни исламот ( вахабите како чист ислам).
Постојат 16 најголеми умови на исламската наука за кои зборува Елон Маск во интервју, но речиси сите се од некоја суфи деноминација. Исламот го бележи својот златен век помеѓу 8 и 11 век кога се ставени темелите на современата медицина, астрономија, хемија, физика.
Од Тетово Македонија до Тартус во Сирија
Остатоци од оваа бектешка деноминација (Alevi) се уште постојат во Албанија, Северна Македонија, Турција, Азербејџан, Казахстан.
Веднаш да потенцираме дека често се следат сличности се (Alawite) верници во Атакија, Тартус, Дамаск, односно Сирија, Ирак и Иран. ( верската припадност на соборениот Претседател Башад Ал-Асад е Алавит).
Овие денови доаѓат информации дека дел од алавитите во Сирија страдат. Алавитите се претежно населени во планинските предели кои се издигат над морскиот брег. Во отоманското царство биле во конфликт со мнозинството од сунитите, па така кога овде дејствувале Французите и Англичаните тие во нив наоѓат потпора.
По падот на Башар тие се честа мета на напади со многу жртви, а се обвинети дека имат намера да го реставрират неговиот режим.
ПРОДОЛЖУВА …
Оставете Коментар