tara

ТАРАФОТ

ПРИКАЗНА

Тајна организација наречена  Македонија Серенисима  е формирана пред  два века  во Цариград . Таа е основана  од страна на аристократи и масони со цел да ги попречат интересите на  туѓите  династии но и да ја ограничат османлиската моќ.   Во таа намера тие соработуват со старите  револуционери во Османлиската империја.  Таа организација народот  ја нарекувал Тарафот.

Книгата го следи периодот на преродбеништвото, борбите на чорбаџиите, балканските војни и Струмица како град под Беласица –  местото на  поделба на Македонија, потоа  Првата и Втората светска војна и открива како Тарафот бил инволвиран во одредени политички и воени пресврти.

Романот открива дека Тарафот  – Македонија Серенисима постои и денес како посебна разузнавачка екипа со нови цели и задачи.  Откако  лидерот  загинува,  неговиот   до тој момент  непознат син останува да ја води организацијата во новиот свет.  Романот содржи  езотерички  појаснувања на делови од македонската и балканска историја.

ТАРАФОТ е роман од жанрот  историска фикција кој  обработува  актуелна  тематика. Според хроники  Тараф е назив за група за  политчко  дејство на  народите од  Балканот пред појавата на модерните политички организации. Проследува приказна за едно аристократско  семејство со интересна и сложена  приказна која се раскрилува за  време од  два века. Сторијата  се раѓа  во огнените револуции во Грција, битките во Србија и востанијата во Бугарија,  а се развива пред читателот среде новото искушение на  21 век.

 

Македонија Серенисима е тајна и прогонета  круна  која се крие зад работата на група наречена Тарафот. Таа се појавува и во балканските војни и дејствува  во  времето на  двете светски војни под граѓанско знаме Македонија на македонците и,  го проследува тешкиот и мачен живот на народот поврзано со личните стории на неколку генерации од семејството.

 

Езотеријата во овие страници  открива  содржина на многу термини.  Иванити, тевтони, венецијанска олигархија  имат функција да објаснат одредени случувања историски, социјални и геополитички не само во минатото туку и денес.

 

Многу љубов и страдање, радости и  тага,  жртва и лична гордоста  се употребени како  материјал за главните ликови но, силен преплет на вредности и идеи се градиво за сите ликови кои се дел од оваа грандиозна и прекрасна приказна кои сведочат за тоа како би требало и можело да се справиме со денешните актуелни животни случувања.

 

Линк до Купи книга  

https://kupikniga.mk/product/tarafot/