Зборот МОНЕТА потекнува од првите пари сечени од метал.
Означува: Предупредување.
Од името на римската божица Јунона Монета. Бидејќи покрај нејзиниот храм започнало ковање на монетите.
Постојат повеќе називи особено за бакарните монети.
Сребрените биле наречени Динари. Денеска ние го користиме денарот.
Порано најчесто употребувано било среброто.
Од таму често парољубците се нарекувани среброљубци.
Со улогата и развојот на Венеција златото станува главно платежно средство.
Фото од Сликовница за деца во издание на Музеј Струмица.

Оставете Коментар