Во периодот кој претстои на официјалната страница на националната
телевизија Алфа имам можност да објавувам свои видувања и мислење.
Со изборот на Доналд Трамп за Претседател на САД , геополитичките прилики
се менуват драстично, може да се рече, со дневна брзина. Америка
декларативно се повлекува од Европа, а таа пак продолжува со старите навики.
Велика Британија координирано со Париз и Берлин се’ уште инсистира на
задржување на позициите во Источна европа. Следејќи ја премисата дека оној
што ја контролира средината на Евроазија – станува господар на светските
прилики.
Во Западен Балкан се потенцира копнената трансверзала која води од
Средоземното море кон Источна Европа додека на источниот Балкан и Црно
море се гледа како верзија на тој пристап преку воден пат.
Србија има фокус во овој нов систем на односи. Се зборува за покачувањето на
државните златни резерви, трансформација на армијата со можност за
раздвижувањe, индустриските комплекси на војската, па сето тоа се оценува
како претензија. Евентуално кон северниот дел на Косово и делот со србите во
Босна и Херцеговина. Претседателот на Република Српска Додиќ според
последните информации, веројатно мотивиран од прогонот, ги посети Белград,
Израел и Москва.
Неодамна е постигнат договор за одбрамбена соработка помеѓу Косово,
Албанија и Хрватска. Поканета е и Бугарија. Во Бугарија нема политичка сила,
ниту особена нужност да се биде дел од нови алијанси на Балканот.
Турција веќе изнајде начин како да покаже дека ќе ја поддржи сувереноста на
Босна и Херцеговина.
Реминисценција на одредени дружби, конфликти и идеи од пред двете
балкански и светски војни.
Турција со својата ситуациона политика и снаодливост им дава посебна надеж
на САД и Европа. Така што таа директно или индиректно има допуштено
влијание врз Балканот. Турција и западот имат заеднички непријатели. Турција
како крупна воена сила во НАТО умее да се противи на посегнувањето на
Русија, Кина и Иран. Практично таа од нив ги брани позициите на Балканот, во
северна и средна Африка и на Левант.
На пример со Русија веќе имаше политички недоразбирања во врска со
Нагорно Крабах, Азербејџан, Украина, Либија, Сирија. Со Кина доволно е да
се спомне дека успева да се испречи на патот на свилата. Со Иран се
натпреварува околу Либан, Сирија. Едноставно таква каква што е Турција може
да биде важен елемент на новото нормално каде западот подига внатрешни,
меѓусебни спорови….
Прочитајте на
https://alfa.mk/treta-balkanska/
Оставете Коментар