orbel

ОРБЕЛО

Орбело — првиот македонски роман од жанрот на езотеричен трилер, во издание на Аквариус-5 Скопје во 2009 година[1]. Напишан е од авторите Ѓоре Гонев и Петар Трајков. Излегувањето на книгата било одложено од трагичното загинување на Гонев. На инсистирање од неговите родители романот е довршен и објавен во 2009 година.

Орбело е метафора за случувањата во Македонија и околу неа изразено преку јазикот на окултните симболи. Орбело е обид да се направи нова геополитичка парадигма за состојбите и случувањата поврзани со Македонија.

Линк

https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9E%D1%80%D0%B1%D0%B5%D0%BB%D0%BE

 

Ѓоре Гонев  е   политиколог,  коавтор  на  романот  Орбело.  Роден е во Струмица  на 4 мај 1978 година. Дипломира на факултетот за политика на УКИМ во Скопје.  Загинал во сообраќајна несреќа во октомври 2007 година.