Халфорд Макиндер во својата позната книга вели дека за да се држат под контрола Русија и Кина (хартленд) потребно е да се држи под контрола одредена географска тероторија. Односно таканаречена Внатрешна месечина Inner Crescent Од прилика тоа се земјите: Турција, Иран, Индонезија, Кина, Кореа и Сибир. Според Макиндер таа месечина има улога да го штити интересот на Надворешна месечина – Insular crescent. Во неа се опфатени: Америка, Англија, Канада, Австралија но и токму овој дел на Африка со пустината САХАРА. ВНАТРЕШНАТА МЕСЕЧИНА За овој регион последните десет години се развиват големите проекти на Кина, Индија И Русија. Проектот на Кина наречен Еден пат еден појас, кој опфаќа 150 држави. Минатата недела се одржа трета по ред светска конференција во Бејџин на ова тема. Позната по средбата на Орбан со Путин. Овој проект е оживување на Патот на свилата преку копно но, сега има и поморски пат. Потоа проектот на Индија кој преку дното на океанот и Сауди Арабија и Израел патува кон Европа. Проектот на Русија наречен Север-Југ , кој преку Кавказ и Иран претендира да допре на топлите мориња. Во последно време се реактивираа воени судири во овој дел од светот според Макиндер наречен Inner Crescent. Судир на Азебејџан со Ерменија каде дополнително се очекуват вклучување на Туркие и Иран. Конфликт на Израел со Хамас каде е возможен голем конфликт. Се очекуват судири во Сирија бидејќи таа контролира само 60% од својата територија, додека другиот дел е под контрола на Демократска федерација на северна Сирија и други фактори. Се очекува да се потенцира проблемот помеѓу Авганистан и Пакистан околу реката Кабул следната пролет. Понатаму се очекуват конфликт околу Индија и Пакистан до 2025 година. И, веќе подолго време се зборува за очекуван судир Кина – Тајван. НАДВОРЕШНАТА МЕСЕЧИНА ,,Турист ‘’ е називот на филмот кој се прикажува во импровизирано кино во градче на Централната Африканска Република. Во него е опишана авантурата на еден платен војник кој од Русија доаѓа да се бори против колонијалистите. Гледачите во публиката се чуствуват охрабрени од лик кој заличува на Пригожин, додека ликот кој го глуми претседателот на државата е всушност помлад роднина на Претседателот кој студира во Москва… Сцени од државни удари и крвави настани кои доаѓат од континентот Африка не се филм туку сурова реалност. Популарно овој регион се нарекува ,,ФранчАфрика’’ заради поранешните колонијални односи на овие земји со Франција. Во тој контекст може да се разгледуват 14 држави со приближно 200 милиони жители: Камерон, Конго, Република Гвинеја, Чад, Гвинеја Бисао, Слоновата Коска, Мали, Нигер, Сенегал, Того, Бенин, Буркина Фасо, Централната Африканска Република, Габон. Жесток воен судир во Судан и десетина државни удари се спроведени во овој регион. Економската заедница на Западна Африка ( ECOWAS) бара решенија преку санкции и според наводите се подготвува да го промени ваквиот развој на настаните. Во меѓувреме Нигер, Буркина Фасо и Мали формираа своја заедница Асоцијација на државите на Сахел. Знамињата на овие земји вообичаено се истакнуват во аранжман со знамиња на странски. До неодамна најчесто покрај нив се вееше знамето на Франција. Од скоро, имаме можност да видиме сцена во која човек се искачува на јарболот го симнува знамето на Франција потоа го развејува знамето на Руската федерација. Актуелните односи покажуват дека милиони луѓе на овие држави чиј стопански живот е тесно поврзан со Франција преку финансиите и банките се во тесна корелација со Франција. Нивните валути се поврзани со Француската република и одредени податоци за односот предлагат заклучоци дека Франција дополнително ги експлоатира. Се уште функционира (CAF France) валута која значењето на својот назив го менува, но според одредени аналитичари својата колонијална карактеристика ја одржува. Франција се спомнува како главен увозник на ураниум, злато, боксит, дијаманти и свежа храна но економскиот резултат за овие држави е поразителен. Досегашни воени интервенции на НАТО, многу преврати и атентати порани беа поврзани со директни интервенции од европа. Наративот на водачите на бунтовите е дека конечно Африка се крева против колонијалното ропство и директна зависност од западните земји. Пред неколку месеци сериозни светски агенции лансираа нови сознанија во меѓународната аналитичка јавност дека немирите во Мали во 2020 и 2021 година, Буркина Фасо во 2022, во Чад во 2021, Гвинеа 2021, во Судан во 2019 и 2021 година, последните настани во 2023 во Габон и Нигер вклучително и активностите во Слонова Коска, Либија и Централната Африканска Република се резултат на интернационалната воена група Вагнер. Значи во оваа недекларирана војна на теренот се судират Франција, Кина и Русија. Западни научни институти објаснуват дека Русија и Кина покрај мека моќ (економија, култура и слобода) на привлекување на Африканските земји дејствуват и со тврдата моќ преку воено ангажирање но со експлоатација на рудата и дијамнатите на Африка. Овие извори ги наведуват главните протагонисти на бунтовите во Африка како про руски активисти исклучувајќи ја секоја можност за постоење логика на бунтовите во колонијализам. Станува збор за случувања во географската област САХЕЛ која се протега (3900км) од Сенегал на запад до Еритреја на исток. Област под пустината Сахара во Африка која географски е полусув савански екорегион. Односно напречно по целата должина на контитнентот Африка со своите тревни савани се протега низ територијата на десетина држави. Погодна за движење и за дејство на современи паравоени сили. Многу слободна работна рака, номадско сточарство, економска нестабилност, поранешни учесници во војни од Африка и Азија. Тука фактор е изразено корумпирана елита создавана од западот и истовремено милиони незадоволни жители на тие земји од Африка кои стојат на располагање на конфликтот. Важен геополитички податок за овој регион е дека според Макиндеровата геополитика овој пустински регион се наоѓа во круцијална позиција за западот односно дејството на Русија и Кина во Сапхел би било дејство во надворешната месечина – Insular crescent. Во меѓувреме Вагнер доби нов лидер, во Франција во тек е операција Шкорпион за преструктуирање на армијата, додека претседателот Макрон ги повлече и војниците и дипломатите од државата Нигер. Една поучна приказна: Историјата на Африка во врска со овој регион сведочи на големата трговија со африканско злато. И на големите развиени сахелски кралства како Мали, а потоа Сонгај. Но откако тие пропаѓат, наместо злато од овој регион започнува мачната историја на извозот на робови. Милиони црни луѓе ќе бидат украдени и продадени како робови. Акцијата започнува по долината на река која европјаните си ја нарекуват Нигер и така зборот нигер се прилепува за кожата на овие маченици. Падот на сахелските кралства инаку содржи историска поука. Имено царот решил на противничката војска да испрати огромно крдо говеда со цел да им ги растури позициите. Но, за жал крдото говеда се свртува во стампедо назад и ја уништува неговата војска, па така говедата ја сменуват историјата на најбогатите народи на светот …