Untitled-1

Дедо ми Петар Трајков (Тушо Бугурџиев) со семејството на фотографија од 1925 година.

Во град Струмица доаѓа во виорот на Првата Балканска војна во јули 1913 година.

Нашето семејство во средината на XIX век се преселува од Истанбул во Фанарли, Штемница денешна Грција заради работа со рудните богатства во реонот на Карадаг.

Во Струмица дедо ми гради куќа и мануфактура и го основа семејството.

На сликата возрасни: Тушо и баба ми Стоја (Панова од Морарци) – седат, до него стои сестра му Елена Ленка Џидалова.

Деца од лево на десно: Марика Јованова 1921, Рајна Јованова 1919 (држат играчки купени од Скопје) Даница Хаџи Тонева 1924 и Василка Милановиќ родена септември 1914 година.
Сликата е направена како наменско фото за празник. Пред стариот семеен дом близу т.н. Јуркчи бунар и Дупина чешма

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *