ТЕМИ КОИ РЕТКО СЕ КОМЕНТИРАТ ВО МЕДИУМИТЕ
Претседателот на САД Доналд Трамп на своите мрежи објави дека демократскиот донатор и светски хуманист Џорџ Сорос заедно со неговиот син треба да се обвинат според актот за корупција RICO. Тоа е актот со кој во САД била прогонувана Коза Ностра организацијата.
Според извори, Претседателот Трамп оваа констатација ја направил без конкретни аргументи ( во овој момент).
**
Урсула вон дер Лајен во Бугарија заедно со Росен Желјазков ќе го посетат Сопот каде што е возможно да бидат основани нови постројки за воена индустрија.
***
Премиерот на Унгарија Виктор Орбан го потсети Володимир Зелински дека евентуалното уништување на нафтоводот Дружба може да значи проблем и да го доведе во прашање Европскиот пат на Украина.
****
Договор за соработка е можен помеѓу Либан и САД е коментарот на сенаторот Линдсеј Грахам во посета на Либан. После неутрализацијата на Хезболах можноста да се поддржи безбедноста на Либан станува реалност.
*****
Al Arabiya пренесува информација како изјава од Ирански политичар, дека во текот на 12 дневната војна на Израел со Иран, Москва споделила информација со Израел.
******
Непосредно по бомбардирањето на Сана главниот град на Јемен од страна на Израел на ТВ Каналот ,,Ал Масира’’ лидерот на Хутите Абдул Ал Хути изјави дека идејата да се разоружат силите кои се противат на внатрешен терен е лоша и претставува морален колапс.
Оставете Коментар