понеделник , 28 април 2025
Почетна Издвоено МЕТАПОЛИТИКА КАКО РЕШЕНИЕ
Издвоено

МЕТАПОЛИТИКА КАКО РЕШЕНИЕ

…. претходник на Новата десница беше Жан Тиријар којшто ја основаше сеевропската организација “Млада Европа”. Тој најпрв ќе го започне антизападниот говор, ќе промовира полицентрична империја на независни етноси. Тиријар ќе развие теорија дека само големите простори имаат можност за своја геополитичка слобода. Новата десница се надоврза на ваквите идеи, но ја разви дискусијата во правец на културата, науката, естетиката. Таа застана против плутократијата, против јакобинската држава и ги доведе на сцена повторно и без страв Шмит, Хаусхофер, Јингер и геополитиката.
Новата десница предлага термин метаполитика со содржина дека само идеите го движат светот. Тие ја промовираат метаполитиката без да означува идеолошка надмоќ и доминација над други идеи. Став што може да биде автентичен и за нашите потреби. Во услови кога постмодерната ја негира улогата на големите наративи на модерната, го исклучува значењето на просветителството на идеологиите во светот денес, очигледно е дека метаполитиката е едно од можните решенија и тоа мора да го прифатиме. Можеби најпрвин затоа што европската Нова десница уште пред половина век прокламираше поддршка на етнички заедници, јазици и култури. Можеби затоа што поддржува народи коишто се борат против западниот империјализам. И можеби затоа што федеративниот пристап им е пред централизациските тенденции. Но, ние најнапред не се согласуваме со изборот на нивните идеолози макар да е само даден и како пример: Хераклит, Аристотел, Августин, Смит, Декарт, Маркс. Можеби постои друга страна на идеи, оние што се базираат на источната филозофија и коишто реално денес се базис на метаполитиката.

Македонската Конзервативна Револуција страна 158

Оставете Коментар

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слична Содржина

РАЦЕ

-Господи Исусе Христе, сине Божји, помилуј ме мене грешниот – тивко течеа...

ОРБЕЛО

Орбело — првиот македонски роман од жанрот на езотеричен трилер, во издание...

ДОБРИОТ ЗБОР ЖЕЛЕЗНИ ВРАТИ ОТВАРА

Понекогаш имам впечаток дека сите ние кои читаме и пишуваме веќе напишавме...