сабота , 21 јуни 2025
Издвоено

РАЦЕ

-Господи Исусе Христе, сине Божји, помилуј ме мене грешниот – тивко течеа
зборовите од устата на малиот додека лесно газеше врз гранчињата паднати на
козјата патека во шумата. Старите чевли што од некаде ги донесе отецот, беа неколку
броја поголеми, но успешно ја совладуваа угорнината. Свежото утро му ги мрзнеше
рацете, вратот и лицето. Сланата беше скоро падната, а зраците на утринското сонце
ја претвораа во ситни капки врз шумските лисјa.
Кога завлегоа длабоко во шумата, старецот често подзастануваше и
внимателно ги разгледуваше карпите покрај кои поминуваа. Пристигнаа до една
грамадна карпа што ја посетуваат секоја година.
Книга ОРБЕЛО 2009 година

Оставете Коментар

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слична Содржина

МЕТАПОЛИТИКА КАКО РЕШЕНИЕ

…. претходник на Новата десница беше Жан Тиријар којшто ја основаше сеевропската...

ОРБЕЛО

Орбело — првиот македонски роман од жанрот на езотеричен трилер, во издание...

ДОБРИОТ ЗБОР ЖЕЛЕЗНИ ВРАТИ ОТВАРА

Понекогаш имам впечаток дека сите ние кои читаме и пишуваме веќе напишавме...