недела , 19 октомври 2025
Почетна Анализа НАРОДЕН ДУХ НАМЕСТО БЕРНАЈС ПРОПАГАНДА
Анализа

НАРОДЕН ДУХ НАМЕСТО БЕРНАЈС ПРОПАГАНДА

Повеќе од еден век делото на Едвард Бернајс таткото на односите со јавноста истовремено ги осветлува и фрла сенка врз настаните од политиката, економијата и секојдневието. Бернајс е внук на Фројд кој успешно ја применува масовната психологија во развој на односите со јавноста. Она што тој го открива е поврзаноста на психологијата со современиот маркетинг така што ја создава современата пропаганда.
Овој модел долго време опстојуваше преку еднонасочните медиуми ( печатени и електронски ) и можеше да продаде приказни за игла и за војна.
Појавата на двонасочни медиуми каде постои можност за коментар и за критика ја навести смртта на Бернајс пропагандата. Имено вистината повеќе нема единствено уредување. Секоја уредена вест е доведена под сомнеж преку коментари и дополнителни информации. Секој квалитет има подметнато нова содржина која го проверува.
Дигиталната ера ја скрши контролираната информација, нејзиното цензурирање е завршено.

Смртта на Бернајс пропагандата донесе нови квалитети.
Учеството на граѓанскиот сектор веќе не е само со зборови и просто расчистување на факти. Тоа се претвори во реално учество на обичниот човек кој има редовен пристап до интернет.
Компаниите сега мора да бидат транспарентни и доколку не ја искористат брзо временската рамка може да бидат на удар на бојкот.
Политичарите дават строго проверени инфромации низ институциите и немат широк простор за грешка.
Смртта на Бернајс пропагандата практично донесе нова контрола на дезинформацијата. Дезинформации постојат но, тие имат многу извори. Најважно е што сега дезинформацијата макар понекогаш потребна и ,,бела’’ не може да се пласира ,,од горе”. Не може да се сокрие број на жртви во одредена битка дури и ако тоа може да доведе државата да ја загуби војната на бојното поле заради демотивација.

Но, овој процес на површина изнесе и други порано заборавени, евентуално забранети автори и особено идеи. Токму така во овој простор се појави повторно идејата за Народниот Дух (Volksgeits). Идеја за тоа што го прави заедништвото на еден народ. Неговите обичаи, јазик, традиција, свест за заедничка историја. Свест за колективна правда и неправда.
Идеја која ја развивал Хердер, а потоа Хегел ја претвори во ,,мисија на секој народ’’.
Сега кога некој сака да предизвика општа поддршка во јавноста, се повикува на заедништвото на племето, на повреда односно на заштита на нешто заедничко добро, заедничка вредност.
Ако пред два века идејата за Народниот дух успеа да го обедини Германскиот народ, подоцна ова беше поволна почва за негативни тенденции.

Бернајс пропагандата сепак продолжува како уредена доктринарна вест не само преку медиумите туку и преку директни учесници. На пример политичките партии имаат голем број на усни и директни пренесувачи на информациите. И тие ги пласират зборовите какви што ги добиват. Идеите на национализам и особеност на бојата, расата верата исто така може да земат замав доколку навремено не се санкционират.

Паралелно со тоа дезинформациите кои се појавуват се најпрвин растргнати од т.н. Народен дух. Тоа се случува во САД особено во реалноста на новата политичка гарнитура, потоа силен замав зема во Европа и тоа ги руши границите и препреките кои ги наметнува бироктатијата.
Во таков контекст на Македонскиот терен ново национално предавство нема да помине. Довербата во опозицијата веќе не расте ниту кога таа ги негира претходно направените политички отстапки во врска со Македонското национално опстојување.

Во таа смисла домашниот обид предсмртно Бернајс пропагандата да ја погоди смртно Македонската нација остана неуспешен. Пропадна обидот со сила на притисоци, затвори, уцени и владина пропаганда да се прикажат сите негации на Македонскиот идентитет како некаков интеграциски успех на претходната политика. Особено не им успеа преку своите партиски структури да прошири информација за добро владеење.
Од друга страна овој најнов тек во Македонија создава разумен притисок од внатре и не дозволува никаква пропаганда да ја уништува нацијата.
И токму затоа новата Влада едноставно го следи тој курс како нормален и прифатен јавно напуштајќи ја ,,наивноста и дипломатската финост’’.

Народен дух

Оставете Коментар

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слична Содржина

ТЕМИ КОИ РЕТКО СЕ ОБРАБОТЕНИ ВО МЕДИУМИТЕ

ТЕМИ КОИ РЕТКО СЕ ОБРАБОТЕНИ ВО МЕДИУМИТЕ * Авиони на Полска и...

ТЕМИ КОИ РЕТКО СЕ КОМЕНТИРАТ ВО МЕДИУМИТЕ

ТЕМИ КОИ РЕТКО СЕ КОМЕНТИРАТ ВО МЕДИУМИТЕ Претседателот на САД Доналд Трамп...

ОБНОВА НА СИСТЕМОТ

Последниов месец најгласно се зборува како системот не чини. Се потенцира тезата...

ТРЕТА БАЛКАНСКА

Во периодот кој претстои на официјалната страница на националната телевизија Алфа имам...