-Господи Исусе Христе, сине Божји, помилуј ме мене грешниот – тивко течеа
зборовите од устата на малиот додека лесно газеше врз гранчињата паднати на
козјата патека во шумата. Старите чевли што од некаде ги донесе отецот, беа неколку
броја поголеми, но успешно ја совладуваа угорнината. Свежото утро му ги мрзнеше
рацете, вратот и лицето. Сланата беше скоро падната, а зраците на утринското сонце
ја претвораа во ситни капки врз шумските лисјa.
Кога завлегоа длабоко во шумата, старецот често подзастануваше и
внимателно ги разгледуваше карпите покрај кои поминуваа. Пристигнаа до една
грамадна карпа што ја посетуваат секоја година.
Книга ОРБЕЛО 2009 година
Оставете Коментар